Русија распиша потерница по естонската премиерка

Русија-распиша-потерница-по-естонската-премиерка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија распиша потерница по естонската премиерка Каја Калас.


Веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи ја вклучи Калас во својата база на податоци како „барана според кривичното право“, пишува Дојче веле.

Не беа наведени конкретни обвиненија.

Потерница е распишана и по државниот секретар на Естонија Таимар Петеркоп и министерот за култура на Литванија Симонас Кајрис.

Калас беше гласна поддржувачка на одбраната на Украина од руската инвазија во февруари 2022 година.

Таа беше еден од најсилните гласови во Европската унија и во НАТО кои се залагаат за повеќе оружје да и се обезбеди на Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK