Кина го повика Израел што поскоро да ја прекине воената операција во Рафах

Кина-го-повика-Израел-што-поскоро-да-ја-прекине-воената.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина денеска го повика Израел да ја прекине воената операција во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа „што е можно поскоро“ со цел „да се спречи уште посериозна хуманитарна катастрофа“.


Се зголемува меѓународниот притисок за договор за примирје меѓу Израел и Хамас, вклучително и ново ослободување на заложниците, и покрај заканата од израелска офанзива врз Рафах, последното засолниште на повеќе од милион луѓе во Газа, пишуваат светските медиуми.

„Кина внимателно го следи развојот на настаните во регионот Рафах, се спротивставува и ги осудува акциите што предизвикуваат штета на цивилите и го кршат меѓународното право“, се вели во соопштението за печатот на портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина.

„Кина го повикува Израел да ја прекине својата воена операција што е можно поскоро, да стори сé што е можно за да избегне невини цивилни жртви, за да спречи уште посериозна хуманитарна катастрофа во регионот Рафах“, се додава во соопштението, пренесе „Франс прес“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна и нареди на армијата да се подготви за офанзива во Рафах, каде 1,4 милиони Палестинци, повеќе од половина од вкупното население, се засолниле од конфликтот, пренесува Бета.

Во понеделникот тој повтори дека ќе продолжи со „воениот притисок до целосна победа“ над Хамас и ослободување на сите заложници и го означи Рафа како „последниот бастион на Хамас“.

Неколку часа претходно, Израел ослободи двајца свои заложници, двајца Израелци кои исто така имаат аргентинско државјанство, во Рафах на границата со Египет.

Операцијата на израелските ноќни командоси беше проследена со бомбашки напад во кој загинаа околу 100 луѓе, според Хамас, кој владее со Газа од 2007 година.

Американскиот Стејт департмент тогаш објави дека, според Вашингтон, израелските воздушни напади таа ноќ за време на ослободувањето на заложниците не претставуваат почеток на целосна офанзива во областа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK