Шпанските туристички региони Андалузија и Каталонија се соочуваат со недостиг на вода поради недостигот на дожд, па во текот на претстојното лето имаат намера да ја ограничат потрошувачката на вода од локалното население и туристите, најавија нивните власти.
Во јануари температурите во крајбрежните региони достигнаа 30 степени Целзиусови, што досега беше нечуено, објави метеоролошката служба АЕМЕТ.
„Со оглед на тоа што не врнеше дожд во ноември, декември и јануари, се соочуваме со исклучително тешка ситуација“, изјави Хуанма Морено, претседател на регионалната влада на Андалузија.
Во оваа најнаселена шпанска провинција, 8,5 милиони жители традиционално живеат од земјоделство и туризам. Во нејзините акумулирани езера, од каде што се снабдуваат домаќинствата со вода, нивото на водата падна на 20 отсто од капацитетот, а некаде под 10 отсто.
„Луѓето мора да бидат подготвени за ограничувања ова лето“, рече Морено.