Песков: Терминалите на „Старлинк“ не се официјално испорачани или користени во Русија

Песков-Терминалите-на-„Старлинк-не-се-официјално-испорачани-или-користени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека комуникациските терминали „Старлинк“ не се сертифицирани во Русија и затоа не можат официјално да бидат испорачани во Москва и да се користат.


„Овој систем не е сертифициран овде во Русија, така што не може официјално да биде испорачан овде и не е испорачан. Тоа значи дека не може официјално да се користи на кој било начин“, им рече Песков на новинарите на прашањето за потенцијалната употреба на „Старлинк“ во Русија. јавува ТАСС.

Американскиот милијардер и претприемач Илон Маск претходно изјави дека сателитските комуникациски терминали „Старлинк“ развиени од неговата компанија Spacex никогаш не биле продадени на Русија и ги демантираше извештаите на медиумите, повикувајќи се на извори од украинската војска дека руските сили наводно ги користат тие терминали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK