Финска има нов претседател

Финска-има-нов-претседател.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот конзервативен премиер Александар Стуб победи во вториот круг од претседателските избори во Финска во неделата, на кои негов противник беше либералниот член на Зелените, поранешниот министер за надворешни работи Пека Хаависто.


Тој беше прогласен за победник откако во вториот круг доби 51,6 отсто од гласовите, откако беа преброени 99,7 отсто. Хаависто освои 48,4 отсто, покажуваат податоците на Министерството за правда.

„Се што можам да мислам сега е благодарност. Ова е голема победа за демократијата во Финска“, рече Стуб.

Во телевизиско обраќање, тој ја нарече победата „најголемата чест“ во неговиот живот и рече дека е „исклучително среќен и благодарен што Финците гласаа во толку голем број и што можам да служам како претседател на Република Финска“.

„Александар, честитки за 13. претседател на Финска“, беа зборовите со кои Хаависто го призна поразот.

Стуб е проевропски, голем поддржувач на Украина и со остар став кон Русија. Стуб и Хаависто влегоа во вториот круг од претседателските избори во Финска, откако ниту еден кандидат не обезбеди доволно гласови во првиот круг пред две недели, во кој учествуваа деветмина.

Претседателот се избира на шест години

Шефот на финската држава се избира за шестгодишен мандат, надворешната политика ја води во тесна соработка со владата, а воедно е и врховен командант на вооружените сили. Оваа улога доби дополнително значење со оглед на геополитичката ситуација во Европа и влезот на Финска во НАТО. Таа земја има граница со Русија долга 1.340 километри.

Стуб треба да ја преземе функцијата на почетокот на март, наследувајќи го претседателот Саули Ниинисто, кој заврши два шестгодишни мандати и повеќе не му е дозволено да се кандидира. Под Ниинисто и по руската инвазија на Украина, нордиската земја одлучи да аплицира за членство во НАТО во 2022 година. По една деценија воено неврзување, таа стана 31-ва членка на одбранбената алијанса во април 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK