СОВЕТОТ НА ЕВРОПА БАРА ПОВТОРНО ОТВОРАЊЕ НА ХАШКИТЕ СЛУЧАИ – ЗА ЛЕВИЦА УСЛОВ ЗА УЧЕСТВО ВО ИДНАТА ВЛАДА
❗️Иако ДПМНЕ и СДС во 2002 година, па повторно во 2011 година ги амнестираа воените злосторници на УЧК, истовремено коалицирајќи со нив – сепак Советот на Европа бара повторно отворање на т.н. ХАШКИ случаи: Водството на ОНА, Малтретираните мавровски работници, киднапирањето Македонци од Непроштено и Липковска брана! Со дописот од 15 јануари 2024 година до македонската Влада, испратен од комесарката за човекови права при Советот на Европа – Дуња Мијатовиќ, се потенцира дека без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество.
🚩Овој став коинцидира со една од главните заложби на Левица во предизборната програма – ПОНИШТУВАЊЕ на автентичното толкување од 2011 година на Законот за амнестија (2002), поддржано од пратениците-предавници на ДПМНЕ, истражување на досиејата за овие случаи и процесуирање на воените злосторства сторени врз македонско цивилно население во конфликтот од 2001. Гонењето на сторителите на овие грозоморни кривични дела претставува и обврска на Македонија како членка на Обединетите Нации, која произлегува од Универзалната декларација за човековите права на ОН (1948), Женевската конвенција од (1949), Повелбата за Нинбершкиот суд и други меѓународни правно-обврзувачки документи.
Независно од амнестијата на злосторствата на ДУИ (поддржана од ДПМНЕ и СДС), обвинителството и судовите во Македонија не само што не се спречени, туку имаат и одговорност да ги процесуираат “Хашките случаи”, бидејќи меѓународното право и меѓународните акти ратификувани од Република Македонија без исклучок НЕ ДОЗВОЛУВААТ АМНЕСТИЈА за воени злосторства против цивилно население!
Согласно со меѓународните перемпторни норми и Конвенцијата на ОН за незастарливост на воените злосторства и злосторства против човештвото, кон која Македонија има пристапено во 1994 година, ваквите злосторства сторени од УЧК не застаруваат и по изборите нивното процесуирање #Левица ќе го наметне како услов за формирање на идната Влада!
Потсетуваме дека засегнати во овие случаи се сега техничкиот премиер Талат ЏАФЕРИ, лидерот на ДУИ – Али АХМЕТИ, како и многу други поранешни функционери, кои 23 години поддржувани од СДС и ДПМНЕ ја разоруваат македонската држава. Дел од пратениците, кои се во актуелниот состав на ДПМНЕ и кои го критикуваа изборот на Џафери, беа дел од пратениците кои во 2011 година гласаа за амнестијата на воени злосторства. Во оваа група пратеници спаѓаат: Александар НИКОЛОСКИ, Антонио МИЛОШОСКИ и Ане ЛАШКОСКА.
Левица е единствената партија која во својата програма се залага за кривичен прогон за криминалите и злосторствата на терористичката банда од ДУИ, која се додека постои на политичката сцена, ќе биде фактор на ширење меѓуетнички тензии, омраза и нестабилност во Републиката!
#ЛевицаОдПарламент