Американскиот претседател Џо Бајден направи уште еден гаф на прес-конференција кога ги помеша претседателите на Египет и Мексико.
– Како што знаете, на почетокот мексиканскиот претседател Сиси не сакаше да ја отвори границата за да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа. Разговарав со него. Го убедив да ја отвори портата – рече Бајден на конференцијата.
Проблемот е што претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси е тој што овозможил хуманитарна помош да влезе во Газа, а не мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, пишува New York Post.
Joe Biden just declared that Mexico is on the border of Gaza pic.twitter.com/RrlAosfQ00
— End Wokeness (@EndWokeness) February 9, 2024
Весникот посочува дека Бајден направил гаф само неколку минути откако рекол дека меморијата му е одлична, како одговор на извештајот на специјалниот обвинител во кој се наведува дека американскиот претседател има ограничена меморија.
Бајден ги критикуваше наводите на специјалниот советник Роберт Хур дека американскиот претседател не се сеќава кога починал неговиот син Бо, наведувајќи ги неговите проблеми со меморијата.
– Како се осмелува да направи такво нешто? Кога ми го поставија тоа прашање, си помислив дека такво нешто не е нивна работа – рече Бајден за време на својот говор во Белата куќа.
– Меморијата ми е доста добра. Јас сум постар човек и знам што правам – изјави американскиот претседател.