Со изборот на д-р Ана Павловска-Данева на позицијата уставен судија, Уставниот суд почна да функционира во полн состав со вкупно девет судии.
„Судијата Павловска-Данева денеска ги презеде своите работни обврски како уставен судија и покрај средбата со претседателката на Судот, Добрила Кацарска, ги запозна судиите и вработените во службата, по што активно се вклучи во тековните ангажмани и активности во Судот“, велат од Уставен суд.
Мандатот на д-р Ана Павловска-Данева, како уставен судија трае девет години, согласно Уставот на РСМ.