СВР Тетово поднесе кривична пријава против А. А. (47) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела несовесно работење во службата и неовластено снимање.
На 28.11.2023, пријавената, вработена како хигиеничарка во клиничка болница во одделот за психијатрија, неовластено снимала пациентка, а потоа видеоснимката ја објавила на социјална мрежа, со што наштетила на угледот и честа на пациентката.