Мојата совест е чиста, СДСМ да размисли, колку е понижувачки што немо го набљудуваат она што ДУИ го прави, кажа Меџити

Мојата-совест-е-чиста-СДСМ-да-размисли-колку-е-понижувачки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Фатмир Меџити од собраниската говорница со образложение пред пратениците за негово разрешување.


Тој ја обвини ДУИ за деструктивно однесување и дека се залага за партиски на сметка на граѓанските интереси.

Поминаа 11 месеци во кои како министер покажав како се работи, не бегав од проблемите туку влегов во оган за да ги решам прашањата од кои сите пред мене бегале и ги ставиле под тепих, рече Меџити.

„Жалам што се покажа дека не сите имаат иста цел како мене во оваа Влада. Се покажа дека ДУИ преку нивните министри до крај реши да политизира и попречува и реши до крај да оди против интересите на граѓаните. Сметам дека политиката е средство за помош на граѓаните, тие сметаат дека политиката е средство за реализација на лични интереси“, рече Меџити.

Им се обрати на сите функционери на СДСМ во оваа Влада: Размислете само колку е понижувачки за вас и вашите поддржувачи да бидете неми набљудувачи на ова што ДИУ го прави против интересот на граѓаните. Немото соучесништво е најлошата форма на поддршка за ваквите постапки. Мојата чест е чиста“, потенцира Меџити.

Во последните два дена рече дека добил стотици пораки на поддршка, што покажува, како што рече дека е на вистински пат.

„Од утре натаму вие одговорете им зошто не се реализираат 1117 вработувања во Министерството за финансии. Вие одговорете им зошто се кочат катните гаражи за да се среди хаосот на Клинички центар. Никој не веруваше, но со моето доаѓање го набавивме лекот Трикафта и почнаа да го добиваат пациенти. Обезбедивме 650 сензори за мерење на шеќерот во крвта. Направивме двојно зголемување на буџетот за набавка на опрема. Првпат обезбедивме хеликоптерски меѓународен транспорт за болно лице. Ги покачивме платите три пати. Еве ова е мојот приход во здравството. Работев чесно, но очигледно тоа не е доволно“, кажа Меџити пред пратениците каде се разгледува предлогот за разрешување на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити од редовите на Алијанса за Албанците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK