Измамен жител од Гостиварско, платил 1800 евра за сертификат за положен германски јазик, добил фалсификат

Кривична-против-тетовска-измамила-маж-дека-е-вработена-во-амбасада.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шеесет и четиригодишен жител на гостиварско село вчера во 15 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со лице А.Н. од Скопје кое му ветило дека ќе му обезбеди сертификат за положен германски јазик за неговата снаа, а тој за таа услуга однапред му платил 1800 евра, извести СВР Тетово.


Лицето подоцна му обезбедило сертификат, но документот бил фалсификуван, по што сфатил дека е измамен, се додава во соопштението на СВР Тетово.

Се расчистува и документира случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK