Вработените во Министерството за финансии по изборите ќе излезат на штрајкови и нема да ги работат предметите доколку министерот Фатмир Бесими не го потпише колективниот договор со кој платите на сите вработени ќе се зголемат за 30 отсто. Синдикатот денес му достави колективен договор на министерот и апелираше до понеделник да го потпише за да не се прави дополнителен раздор меѓу вработените оти, според податоците на синдикалците, некои ќе добијат надополнување на платите од 30 отсто, а некои вработени не откако Уставниот суд го
„Потпишувањето на колективниот договор е единствено правично и праведно решение со кое повторно сите вработени ќе можат да добијат надополнување на нивните плати. Истото претставува единствено решение бидејќи средствата за исплата на надополнување се обезбедени и се наоѓаат на сметката на Министерството за финансии. Апелираме до министерот да не прави уште поголем раздор меѓу вработените бидејќи според нашите информации се говори дека на одредени раководни лица во Министерството целта им е да направат огромна дискриминација на начин што само мал дел од вработените ќе добијат надополнување на платата од 30 отсто, одреден дел ќе добијат 15 отсто, а голем дел од вработените воопшто нема да добијат ништо иако за тоа се обезбедени средства во буџетот“, рече Бојан Трипуноски, генерален секретар на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи, и здруженијата на граѓани (УПОЗ).
Трипуноски денес пред Министерството за финансии јавно побара министерот уште еднаш да ги заштити вработените, на ист начин како што го направи тоа со членот 66 во Законот за буџети, кој Уставниот суд го укина, а вработените го изгубија надополнувањето на платите од 30 отсто.
„Бидејќи Уставниот суд ја укина одредбата од член 66 став 3 од Законот за буџети, во овој момент не постои никаква пречка за склучување на овој колективен договор. Доколку министерот не го потпише договорот, ќе ги искористиме сите достапни механизми како Синдикат. Наредниот период ќе биде изборен и нема да можеме да го искажеме својот револт меѓутоа по завршување на тој период ќе организираме протести и ќе стапиме, пред се, во штрајк“, најави Трипуноски и нагласи дека оваа одлука доаѓа по две недели штрајкови во декември, седум барања за средби со министерот и игнорирање на сите нивни предлози за решавање на проблемот.
Синдикалните претставници имале една работна средба, не со министерот туку со државниот секретар на која им укажале дека чекаат официјално да ја добијат одлуката од Уставниот суд. Синдикатот ја добил одлуката минатата недела па затоа одлучиле денес да му го достават на министерот колективниот договор.