Демократската унија за интеграција го поздравува усвојувањето на Законот за оддалечување на казината и обложувалниците од образовните институции.
„ДУИ со загриженост ја следеше целата дебата и кампања против Законот за игри на среќа и во заштита на сомнителниот монопол во оваа индустрија.
Но, опструктивната, блокирачка, клеветничка, негативна и навредлива кампања не помина.
Законот за оддалечување на казината и обложувалници предвидува:
– Отстранување на обложувалниците и казината на 500 метри од образовните институции,
– Ги штити и спречува малолетниците да се вклучат во игрите на среќа,
– Ги зголемува приходите во буџетот преку зголемување на даноците и цената на лиценците, со што се помагаат на културата, спортот, медиумите“, се истакнува во соопштението од ДУИ.
Според оваа партија, оддалечувањето на казината и обложувалниците како и демонополизацијата на индустријата се дел од политиката и програмата на Демократската унија за интеграција, но и на Владата, подржано во Собранието.