Драган Стојковиќ Пикси, според српските медиуми, достави официјално барање до УЕФА секоја репрезентација да има по 25 играчи на Европското првенство кое започнува во јуни.
Стојковиќ ќе поднесе писмено барање на тренерскиот форум во април, а српскиот селектор има голема поддршка од колегите. Во октомври минатата година, УЕФА објави дека секоја репрезентација ќе има по 23 фудбалери на ЕУРО 2024, поточно 20 играчи и тројца голмани.
Откако ја победи ја победи ФИФА пред последното Светско првенство, се очекува Пикси истото да го стори и против УЕФА.
Имено, пред првенството во Катар, легендарниот Србин побара да се зголеми бројот на фудбалери на списоците на репрезентациите. Тогаш експресно ја доби поддршката од колегите, а ФИФА му го исполни барањето, па секоја репрезентација имаше по 25 фудбалери.
Србија на ЕП игра во група со Англија, Данска и Словенија.