СДСМ: Со ДПМНЕ минималната плата беше 8.000 денари, СДСМ ја зголеми на 20.175 денари

Мицкоски да не се крие, да одговори за настаните во Скопје и Тетово
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ е на страната на работниците, го вреднува нивниот труд и го штити нивниот животен страндард. За период од шест години, во кризни периоди, СДСМ во четири наврати ја зголеми минималната плата, велат од СДСМ.


„Со последното покачување, минималната плата за сите работници изнесува 20.175 денари. Тоа е за два и пол пати повеќе во однос на минималната плата во времето на ДПМНЕ кога таа изнесуваше само 8.000 денари. СДСМ низ социјален дијалог со засегнатите страни, воведе законски решенија, коишто содржат методологија за пораст на минималната плата, врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата“, додаваат од СДСМ.

Како што велат оттаму, со методологијата минималната плата ќе расте секој март и тоа нема да зависи од политичката волја на која било влада во иднина.

„Од март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари. СДСМ продолжува со вистинска грижа за работниците“, завршуваат од партијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK