Чувар е убиен откако вооружени напаѓачи отвориле оган врз војници и чувари на избирачко место во Пакистан, на почетокот на општите избори во земјата, пишува „Скај њуз“.
Еден чувар е убиен утрото во областа Танка во северозападниот пакистански регион Хајбер Пахтунхва, според локалните полициски претставници.
Инцидентот наводно се случил на избирачко место во градот Кот Азам, а се се случува во тензичната атмосфера на изборите, обележани со насилство и обвинувања за измама.
Најмалку 30 лица загинаа во вчерашниот бомбашки напад, ден пред изборите.
Десетици илјади чувари, полициски и воени сили беа распоредени на избирачките места за да се обезбеди безбедност.