Полицијата вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.