Маск: Ако ЕУ воведе санкции за Такер Карлсон, тоа би било навреда за американската јавност

Уапсен-маж-во-САД-Се-заканувал-дека-ќе-изврши-масовен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека воведувањето санкции на Европската унија против Такер Карлсон би било навреда за американската јавност.


„Можеме да се согласиме или не со Такер, но тој е одличен американски новинар и таквата постапка во голема мера би ја навредила американската јавност“, изјави Маск на социјалната мрежа Х, реагирајќи на пишувањето на одредени медиуми дека ЕУ може да воведе санкции за Карлсон за интервјуто со рускиот претседател Владимир Путин.

„Ако тоа е вистина, тоа би било навистина вознемирувачко“, додаде Маск.

Магазинот „Њузвик“ објави претходно, повикувајќи се на изјавите на поранешните и сегашните пратеници во Европскиот парламент, дека ЕУ може да воведе санкции за Карлсон.

Поранешниот белгиски премиер и европратеник Ги Верхофштад, кој ја повика ЕУ да ја истражи можноста за воведување „забрана за патување“ за Карлсон, го опиша новинарот како „портпарол“ на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.

„Бидејќи Путин е воен злосторник, а Европската унија ги санкционира сите што му помагаат во тоа, се чини логично дека и Службата за надворешни работи треба да го истражи случајот на Карлсон“, рече Верхофштад. Поранешниот европратеник Луис Гарикано изјави дека се согласува со Верхофштад.

„Карлсон повеќе не е новинар, туку пропагандист на најгрозоморниот режим на европско тло и оној кој е најопасен за мирот и безбедноста на Европа“, рече Гарикано. Пратеникот на Европскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Естонија, Урмас Пает изјави дека Путин е „претседател на земја која е агресор, обвинета за геноцид и воени злосторства“.

„Карлсон сака да му даде платформа на некој обвинет за геноцид. Тоа е погрешно.

Ако Путин има нешто да каже, тоа мора да го каже пред Меѓународниот кривичен суд“, рече Пает.

Тој додаде дека Карлсон „не е вистински новинар бидејќи јасно ги изразил своите симпатии кон рускиот режим и Путин и постојано ја омаловажува Украина, жртва на руската агресија“.

„Значи, за ваква пропаганда на криминален режим можете да завршите на листата на санкции. Ова пред се, се однесува на забраната за патување во земјите на ЕУ“, рече Пает. Карлсон засега не објави ништо за ова.

Тој вчера потврди дека дошол во Москва на планирано интервју со Путин, велејќи дека тоа го прави бидејќи тоа е работа на новинар.

„Ние се занимаваме со новинарство. Наша должност е да ги информираме луѓето“, рече Карлсон во видеото објавено на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека војната во Украина е „човечка катастрофа“ во која загина цела генерација Украинци, но дека, според него, повеќето Американци не се доволно информирани за овој конфликт.

Американскиот новинар истакна дека Вашингтон два пати се обидел да го саботира интервјуто, што Белата куќа го демантираше. Истовремено, тој изјави дека сопственикот на социјалната мрежа Х, Илон Маск ветил дека нема да го блокира разговорот со Путин кога ќе биде објавен на таа платформа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK