(Видео) Во Шпанија се урна зграда, има загинати

Видео-Во-Шпанија-се-урна-зграда-има-загинати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Властите извлекоа тела на три лица од урнат дел од зграда во Шпанија.


„Најдовме три тела во урнатините на зградата во Бадалона“, напиша денеска регионалната противпожарна служба на X.

Дел од зградата се урна по првичното уривање на поткровјето, што предизвика дополнително уривање на становите. На видеото кое го објавија пожарникарите може да се забележи огромна дупка во внатрешноста на зградата која се протега сè до приземјето на петкатницата.

Ксавиер Гарсија Албиол, градоначалник на Бадалона, крајбрежен град северно од Барселона, рече дека спасувачите пронашле тела на маж и две жени, од кои едната била самохрана мајка.

„Мајката пристигна од Источна Европа со две мали ќерки, кои сега се сами“, рекол градоначалникот, а пренесува АФП.

Починаа и жена на 50-годишна возраст и маж на возраст од триесет години, кој неодамна стана татко.

Локалните медиуми јавуваат дека се работи за зграда со 20 стана која е изградена во 1959 година и неодамна поминала на безбедносна инспекција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK