Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли понудата на Хамас за прекин на огнот за да се обезбеди враќање на заложниците во опколената енклава.
Тој изјави дека победата во Газа е на дофат.
Нетанјаху рече дека преговорите со групата „не одат никаде“ и ги опиша нивните барања како „бизарни“.
„Ние сме на пат кон целосна победа. Тука е, на дофат“, рече Нетанјаху и додаде дека предвидува дека војната ќе заврши за „неколку месеци“, а не за неколку години, пишува „Тајмс оф Израел“.
Тој повтори дека целите на Израел во војната се „уништување на Хамас, враќање на заложниците и создавање ситуација појасот Газа повеќе да не биде закана за Израел“.
Тој ги нарече досегашните акции на израелската армија „достигнувања без преседан“, особено пофалувајќи го она што Израел го постигнал против Хамас.
Најави дека фокусот на израелската армија ќе биде ставен на пограничниот град Рафах.
„Продолжуваме до крај. Нема друго решение освен целосна победа“, вели Нетанјаху.