Тетовец под истрага – во домот имал автоматска пушка и фалсификувани пари

Тетовец-под-истрага-–-во-домот-имал-автоматска-пушка-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тетовското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.


„Осомничениот, во својата куќа во селото Шипковица, неовластено држел автоматска пушка и две рамки со 12 куршуми со калибар 7,62мм. При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и фалсификувани парични средства во вкупен износ од 4.020 евра и 300 франци, кои осомничениот ги фалсификувал со намера да ги пушти во оптек“, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK