Комисијата за заразни болести предлага прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје

Комисијата-за-заразни-болести-предлага-прогласување-епидемија-на-голема-кашлица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Комисијата за заразни болести денеска имаше редовен состанок на кој, како што соопшти Петличковски, било дискутирано за постојната состојба со вирусните инфекции, акутни-респираторни и состојбата со големата кашлица.



„Последните бројки се 18 потврдени случаи со голема кашлица. Имајќи предвид дека овој број расте, особено на територијата на Град Скопје, каде што се потврдени 14 случаи, одлучивме да предложиме прогласување на епидемија за град Скопје. Ова звучи страшно, но реално треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста голема кашлица. Очекуваме да излезе упатство за постапување во услови на епидемија од Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини. Нивото на вакцинирани за пертусис не е на задоволнително ниво“, изјави Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Тој ги повика сите кои ја пропуштиле вакцинацијата со редовниот календар да се вакцинираат. Предлагаат да се организира работата на пунктовите во две смени и дополнително да се примаат деца за вакцинација и во сабота.

„Препорачуваме забрана за прием на невакцинирани деца за пертусис во градинки. Очекуваме овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација. Фокусот е заштита на најмалите. Оваа болест е најтешка за најмалите. Вакцинацијата по редовниот календар почнува во вториот месец. Дури една доза значително ги заштитува вакцинираните од сериозен тек на болеста“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK