Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ беше ѕвезда и на овогодинешниот Санремо.
Синоќа се одржа италијанскиот фестивал Санремо на кој пред три години се слушаа нотите на песната „Јутро је“ што ја испеа Нада Топчагиќ.
ZLATAN #Ibrahimovic irrompe al Festival di #Sanremo24 🔴⚫😱 pic.twitter.com/qoYbZD4w7g
— Daniele Grassini (@DaniGrassini) February 6, 2024
Сега од сцената на музичкиот фестивал се слушна хитот на друга пејачка – Лепа Брена.
Станува збор за песната „Луда за тобом“ која Брена ја сними во 1996 година и која беше придружена со интересно видео во кое пејачката се трансформира од секунда во секунда, па ја гледаме како бринета, русокоса, со залижана коса и локни.