Путин се согласи на интервју со Такер Карлсон: тој е „различен“ од западните медиуми

Путин-се-согласи-на-интервју-со-Такер-Карлсон-тој-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот новинар Такер Карлсон во вторникот го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, изјави прес секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков.


„Да, можам да го потврдам тоа“, рече Песков во средата, на прашањето на новинарите дали интервјуто на Карлсон со Путин навистина се случило претходниот ден.

Запрашан да зборува за впечатоците на претседателот од разговорот, Песков рече дека самите новинари ќе имаат можност да го оценат кога ќе излезе интервјуто.

„Како што е подготвено, ќе биде објавено, а потоа ќе имате можност да формирате свои впечатоци“, рече Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин се согласил на интервју со американскиот конзервативен ТВ водител Такер Карлсон, бидејќи, како што тврди Кремљ, неговиот пристап е различен од едностраното покривање на традиционалните западни медиуми.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека западните медиуми веќе не се ни обидуваат да бидат непристрасни во известувањето за Русија и затоа нема желба Москва повеќе да комуницира со нив.

„Што се однесува до земјите од колективниот Запад, главните медиумски мрежи, ТВ канали и големите весници не можат да се пофалат дури и дека се обидуваат да бидат непристрасни во нивното известување“, рече Песков.

„Сите тоа се медиумски куќи кои заземаат крајно еднострана позиција. Се разбира, немаме желба да комуницираме со такви медиуми, а нема ни смисла затоа што тешко дека ќе биде корисно“.

На директно прашање зошто Путин се согласил да разговара со Карлсон, Песков одговори дека ставот на Американецот не се согласува со голем дел од западните медиуми.

„Неговиот став е различен од другите. Тој во никој случај не е проруски, ниту проукраински – туку проамерикански, но барем е во спротивност со ставовите на традиционалните англосаксонски медиуми“, рече Песков.

Интервјуто најверојатно ќе биде објавено утре, пишува руската новинска агенција ТАСС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK