Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија извести дека повторно има недостиг на инсулин.
Од СЗДМ велат дека за овој проблем се обратиле до Министерството за здравство од каде им било одговорено дека заради ревидирање на количините на „ризодег“ согласно количните предивдени во реализација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка.
„За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин, за кој поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на „ризодег“ согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалти – еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија“, соопшти СДЗМ.
Од Сојузот информираат дека се појавува недостиг на терапија „оземпик“ и „рибелсус“.
„Побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, во моментов не мислислме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите, нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии“, велат СДЗМ.
Оттаму додаваат дека моменталната состојба „само ги потврдува нашите долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со Отворен пазар и воведување на Референтни цени. Ние, сакаме да сериозно го подигнеме квалитетот на животот на лицата со Дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата“.
Од СДЗМ апелираат на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период.