Расте бројот на жртвите во смртоносната катастрофа во Чиле: 131 лице загина во пожарите, повеќе од 300 се водат како исчезнати

Расте-бројот-на-жртвите-во-смртоносната-катастрофа-во-Чиле-131.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на жртвите од шумскиот пожар во централниот дел на Чиле се зголеми на 131, соопштија денеска чилеанските власти.


Државниот истражител на платформата „Икс“ соопшти дека се идентификувани само 35 тела. Малку порано АП објави дека повеќе од 300 луѓе и денеска се водат како исчезнати, по шумските пожари во кои животот го загубија најмалку 123 лица.

Властите ја проценуваат штетата по пожарот во Валпараисо, за кој велат дека е најсмртоносната катастрофа што го погодила Чиле по земјотресот во 2010 година, во кој загинаа најмалку 525 луѓе.

Локалните власти велат дека пожарите можеби биле подметнати. Претседателот Габријел Бориќ, кој во вторникот го посети погодениот регион, рече дека најмалку 3.000 куќи се изгорени бидејќи пожарот брзо се ширел поради силните ветрови.

Пожарот започна во петокот, во планинскиот дел на Виња дел Мар, приморско одморалиште познато по својот фестивал на кој настапуваат најдобрите латиноамерикански музичари.

Останатите два града, Килпа и Вила Алемана, исто така беа зафатени од пожарот.

Форензичката служба на Чиле соопшти дека многу од телата извлечени од пожарот се во лоша состојба и тешко се идентификуваат, но додаде дека нивните работници може да земат генетски материјал од роднините кои пријавиле дека нивните роднини се исчезнати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK