Вчера во 16.15 часот во СВР Скопје, 32-годишниот Н.Н. од Скопје пријавил дека на 03.02.2024 околу 03.20 часот на паркинг пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 24-годишниот Б.И. и 31-годишниот Д.И., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено и дека на подрачјето на Драчево, по претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 69-годишниот Б.И. и 72-годишниот Б.И., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.