Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на 03.02.2024 околу 03.00 часот била опожарена помошна просторија, сопственост на општина Шуто Оризари во Скопје во која имало разни предмети, извести МВР.
„Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.