Ал Итихад нуди 200 милиони фунти за Салах

Ал-Итихад-нуди-200-милиони-фунти-за-Салах.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јирген Клоп, минатта недела објави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Ливерпул. Навивачите на „црвените“ се уште се во шок од објавата на менаџерот, а во вторникот ги дочека уште едем. Најдобриот играч и стрелец Мо Салах, веројатно ќе тргне по стапките на Клоп.


Клубот од „Енфилд“ според информациите на „Атлетик“ добил уште една „непристојна“ понуда од Саудиска Арабија. Ал Итихад испратил понуда за египетскиот напаѓач од неверојатни 200 милиони фунти.

Со оглед на тоа што договорот на Салах со Ливерпул истекува на крајот на следната сезона, а тој има 31 година, бројката од 200 милиони е огромна.

Клубот од Ријад, веројатно ќе го напушти Карим Бензема оваа зима, па доведувањето на Салах би било логичен редослед на настаните.

Ал Итихад се обиде да го донесе Салах минатото лето, но челниците на Ливерпул тогаш одбија да преговараат. Како што сега стојат работите, трансферот би можел да се реализира, бидејќи би бил добитна комбинација за сите три страни. Ливерпул ќе добие мног пари, Салах ќе инкасира енормна сума од договорот, додека Ал Итихад ќе добие напаѓач од светска класа.

Крилниот напаѓач на „црвените“ е во Англија од 2017 година, кога пристигна од Рома за 42 милиони евра и се покажа како една од најдобрите инвестиции во историјата на ливерпул.

Салах одигра 332 натпревари за „црвените“, постигна дури 204 гола, а имаше и 88 асистенции. Со клубот од „Енфилд“ ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот, Премиер лигата, ФА Купот…

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK