Неверојатен детаљ го одбележа натпреварот помеѓу Рајо Ваљекано и Севилја.
Севилја победи со 2:1, со головите на Ен-Несир. За тимот од Андалузија ова беше четвртата победа во сезоната со која избега од опасната зона.
Меѓутоа ден по натпреварот сите во Шпанија зборуваат за она што се случи во 33. минута (резултатот тогаш беше 1.1), кога Лукас Окампос се подготвуваше да изведе аут.
Едно од неколкуте момчиња што седеа во првиот ред, веднаш до теренот, мислеше дека… па, ќе видите сами.
🚨 IMAGEN GOL PLAY 🚨
🎥 La secuencia completa de la agresión de un aficionado de Vallecas a Lucas Ocampos
📺 #DirectoGol pic.twitter.com/irozEBa3eO
— Directo Gol (@DirectoGol) February 5, 2024
Окампос реагираше доста смирено, но на момчето сигурно ќе биде казнето, најверојатно ќе му биде забранет влез на „Ваљекас“ стадионот.
На тоа по мечот посочи и Окампос кој рече дека „насекаде има будали“ и дека таквите работи „му штетат на фудбалот“ и дека „се надева дека лигата ќе реагира со казна“.