(Видео) Опенда и Шешко за триумф на Лајпциг, Елмас играше од 77.минута

Видео-Опенда-и-Шешко-за-триумф-на-Лајпциг-Елмас-играше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лајпциг го победи Унион Берлин со 2:0, во последниот натпревар од 20.коло во Бундес лигата.


Ова беше рутински триумф за Лајпциг, против најголемото изненадување на минатогодишното првенство.

Домашните поведоа во 11. минута кога Опенда одлично се снајде во шеснаесетникот на гостите од Берлин. До крајот на полувремето Шволов ја имаше најдобрата шанса да го удвои водството.

Се беше решено во 52. минута, кога по центаршутот на Раум, прецизен беше словенечкиот репрезентативец Шешко. Истиот играч погоди шест минути подоцна, но голот беше поништен по интервенција на ВАР.

Унион натпреварот го заврши со 10 играчи бидејќи Тримел доби црвен картон во 73. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, слично како и во минатоот коло шанса доби во 77.минута.

Лајпциг моментално е петти на табелата и го чека голема борба за Лигата на шампионите, додека Унион Берлин е на 15. место со 17 бодови, два повеќе од зоната за испаѓање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK