Откако лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, се огласи генералниот секретар на АА и министер за правда Кренар Лога.
Тој вели дека единствено засега донесена одлука е за самостоен изборен настап.
„Ве информирам дека Алијанса за Албанците не разгледува никакви барања до своите партиски тела, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание за изборите. Во сила има одлука на Централното претседателство, кое е изгласано едногласно да излеземе на избори сами. Го повикувам Собранието да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е АА да излезе сама на парламентарни избори“, напиша Лога на Фејсбук.