Најмалку 27 лица се приведени на протестот против воената мобилизација во Москва

Најмалку-27-лица-се-приведени-на-протестот-против-воената-мобилизација.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската полиција денеска во центарот на Москва приведе неколку десетици лица, поради учество на протест против воената мобилизација за потребите на војната во Украина.


Порталот ОВД-Инфо, кој известува за слободата на собирање во Русија, наведува дека најмалку 27 членови на група која собира сопруги на мобилизирани војници биле приведени од полицијата во близина на Кремљ додека лежеле на цветната уличка во близина на споменикот на Непознатиот војник, пренесува Ројтерс.

Како што се додава, повеќето од уапсените се новинари. Некои од уапсените подоцна беа ослободени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK