Откако еден од основачите на Супер лигата, првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, рече дека дека многу клубови пристапиле кон проектот, два клуба се јавија да го демантираат.
Според првиот човек на клубот од Каталонија, на списокот на сигурни учесници се Интер, Милан, Наполи, Рома, Олимпик Марсеј, Бенфика, Порто, Спортинг, Ајакс, Феенорд, ПСВ, Андерлехт, Бриж и сите екипи од Шпанија освен Атлетико Мадрид.
Прва се огласи Рома и ги демантираше тврдењата на претседателот на Барселона за наводно приклучување во новото натпреварување:
„Како што беше објавено јавно неколку часа по одлуката на Европскиот суд на правдата за случајот со Супер лигата, Рома повторува дека не поддржува ниту еден проект поврзан со т.н. Супер лига“.
„Клубот, исто така, наведува дека никогаш не го променил својот став по ова прашање, ниту влегувал во какви било дискусии за одење по друг пат освен клубовите да работат заедно преку ЕЦА во силно партнерство и соработка со УЕФА и ФИФА“, се вели во соопштението на клубот од Рим. .
Недолго потоа се огласи и актуелниот шампион на Холандија, Феенорд, кој ги демантираше зборовите на Лапорта.
„Феенорд е многу изненаден од изјавите на странските медиуми за тоа дека клубот прифатил да настапи во т.н. Суперлига. Тоа е целосна лага“, се вели во соопштението на клубот од Ротердам.
Претходно англиските клубови одбија да учествуваат во споменатото натпреварување, додека засега сигурни учесници се само Барселона и Реал Мадрид.