„Мизерно е како СДС се препелка за случајот Онкологија, до сега требаше да има одговорност, а не да се чека 6 месеци. Се што кажа ВМРО-ДПМНЕ за случајот Онкологија е потврдено од МВР и ЈО. Власта 6 години крадела од болните од рак“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Ненад Коциќ.
„Наместо терапија, некои пациенти добивале физиолошки раствор, за луѓе блиски до СДС да заработуваат. Допрва ќе се одмотува клопчето околу Онкологија и за една омилена веледрогерија на власта.
Одговорност за сите криминали ќе има, особено брза ќе биде правдата за оние кои си поиграле со човечките животи и сакале да ќарат на нечие здравје или живот“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.