Унгарскиот премиер Виктор Орбан, бранејќи ја својата одлука да се откаже од ветото за помошта за Украина, тврди дека добил гаранции дека средствата од европскиот буџет наменети за Унгарија, кои се замрзнати, нема да завршат во Украина.
Орбан на социјалната мрежа Х објави дека на претходниот самит на ЕУ во декември минатата година бил против пакетот помош за Украина од две причини.
„Едната е дека се плашевме дека европските фондови кои ни припаѓаат, а кои Европската комисија досега не ни ги даваше, порано или подоцна ќе завршат во Украина. Втората причина е што се плашевме дека средствата ќе и бидат достапни на Украина предолго и без контрола. Ова е гаранција дека унгарските пари не можат да одат во Украина“ рече тој.
Mission accomplished. Hungary’s funds will not end up in Ukraine and we have a control mechanism at the end of the first and the second year. Our position on the war in Ukraine remains unchanged: we need a ceasefire and peace talks. pic.twitter.com/vui5NxPzGw
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 1, 2024
Орбан вели дека успеал да преговара за надзорен механизам и гарантира дека парите во Украина ќе се трошат разумно и има „гаранција дека унгарските пари не можат да одат во Украина“.