Вчеравечер во 22 часот во Полициската станица Гостивар бил повикан на службен разговор 33-годишниот гостиварец С.М., кој три часа пред тоа бил пријавен од неговата 34-годишна сопруга, со која бил во бракоразводна постапка, дека околу 18 часот во семејниот дом физички ја нападнал, извести СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.