Во Германија има околу 700.000 непополнети работни места

Во-Германија-има-околу-700000-непополнети-работни-места.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот пазар на труд веќе би пропаднал без странски работници, а минатата година најголем број нови вработени дошле од земји надвор од Европската унија, пред се Украина и Индија, објави денеска Федералната канцеларија за вработување во Нирнберг.


„Во периодот од јуни 2022 година до јуни 2023 година, 53.000 Украинци се вработиле во Германија, а во исто време и 24.000 Индијци“, изјави директорката на Федералната канцеларија за вработување, Андреа Налес.

Таа рече дека лани најголем број од оние кои се вработиле во Германија се од некоја од земјите надвор од Европската унија.

„Овој тренд ќе продолжи и во иднина“, рече Налес, посочувајќи на демографската состојба во Германија, но и на фактот дека се помалку граѓани од новите земји на Европската унија доаѓаат да работат во Германија.

Тие се соочуваат и со демографски проблеми и со намалување на бројот на работоспособни граѓани, вели Налес.
И покрај благото зголемување на стапката на невработеност, во Германија се уште има 700.000 непополнети работни места.

„Оние кои моментално немаат работа, без разлика дали се староседелци или имигранти, ќе биде се потешко и потешко да најдат работа. Затоа што најчесто се работи за луѓе кои се постари или кои немаат никакви квалификации“, изјави Налес.

Сојузниот министер за труд, Хубертус Хајл исто така изјави дека рекордниот број вработени во Германија е директно поврзан со имиграцијата.

„217.000 вработени повеќе од пред една година се само на сметка на имигрантите надвор од Европската унија“, рече Хејл за време на дебатата во Бундестагот.

Во Германија во моментов има 2,8 милиони работоспособни луѓе без постојано вработување, што одговара на стапка од 6,1 отсто, пишуваат медиумите во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK