Закажано ново судење за Алек Болдвин: му се заканува затворска казна до 18 месеци

Закажано-ново-судење-за-Алек-Болдвин-му-се-заканува-затворска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако поротата во Ново Мексико повторно го обвини Алек Болдвин за убиство од небрежност, одреден е датумот на судењето.


Закажано е за четврток, први февруари, кога ќе се соочи со обвинение за убиство од небрежност, откако ја усмрти снимателката Халина на филмски сет. Тоа ќе биде првпат актерот да биде изведен пред окружниот суд во Ново Мексико, но нема да се појави во живо, туку виртуелно, пишува „Дејли Мејл“.

Поротата гласаше за подигање обвинение против него на 19 јануари.

Болдвин ја уби кинематограферката Халина Хачинс на сетот на филмот Rust во октомври 2021 година, кога пиштолот користен на сетот бил наполнет со вистински куршуми.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 18 месеци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK