Министерот за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, дури и по цена да нема Срби на таа територија.
Вучевиќ оцени дека тоа што белградските власти дозволуваат некој да помине со документ издаден во Приштина не значи признавање на Косово како независна држава.
„Курти прави историска грешка, врши насилство врз српското малцинство, тоа е неодржливо на долг рок“, изјави Вучевиќ.
По повод вчерашната презентација на опремата на Војската на Србија, Вучевиќ изјави дека на неговото министерство му дале рок до мај да излезе со целосен извештај и анализа во врска со враќањето на задолжителниот воен рок.
„Значи до мај детална анализа со неколку опции, со рамки, рокови, трошоци. Мораме да ги опремиме центрите за регрутирање, здравствените домови, касарните. Сето тоа треба да се подготви“, изјави Вучевиќ.