Старица пронајдена мртва во својот стан во Хрватска, искасана до смрт од кучето на нејзиниот внук

Старица-пронајдена-мртва-во-својот-стан-во-Хрватска-искасана-до.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватската полиција вчера рано изутрина добила дојава дека 82-годишна жена била пронајдена мртва во стан во месноста Булевар во Задар со повреди кои укажуваат на насилна смрт.


Во станот е пронајдено и американско куче Стафордшир, сопственост на член на семејството, а како што пишува Задарски.хр, станува збор за животното на внукот на починатата старица, пренесува Јутарњи лист.

На местото на настанот полициски службеници извршиле увид додека за кучето се грижела надлежната ветеринарна служба.

Врз основа на наредба на државното обвинителство, на Одделението за патологија е извршена обдукција на телото на женско лице, при што е утврдено дека таа починала како последица од каснување од куче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK