Трендафилов за предлог законот – Плата во плик: Ме потсетува на едно телевизиско шоу во Америка кога ги бркаат работниците на каков начин сакаат

Трендафилов-за-предлог-законот-–-Плата-во-плик-Ме-потсетува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во однос на предлог законот плата во плик, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кажа дека за жал биле дел од работната група која изготвувала такво законско решение.


„Меѓутоа законското решение кое планираат да го спромнат преку предлог на Владата до Собранието и легализацијата на плаќањето во плико и враќањето на пред 2009 година во општеството во Македонија, односно работниците да ги направиме модерни робови на кои ќе им плаќаме придонеси од 290 денари дневно да можат на дневна основа да ги повикуваат како сакаат и кога сакаат работодавачите и да ги отпуштаат кога сакаат и како сакаат, мене ме потсетува на едно телевизиско шоу во Америка кога ги бркаат работниците на каков начин сакаат“, вели Трендафилов.

Според него недозволиво е во Македонија, во 21 век, во земја кандидат за членка на ЕУ, да враќаме и да формализираме неформална економија.

„Затоа што сакаме се што е незаконско во ова општество да го озакониме и на таков начин да кажеме дека повеќе немаме незаконски појави. Поразително е да предлагате закон со кој ќе го елиминирате законот за работни односи. Патем нема да имаат договор за вработување тие работници, нема да знаат никаква нивна иднина и егзистенција, нема да можат да подигнат кредит и нема да имаат никаква гаранција. Ако законот се применува на таков начин, предлагачите нека пробаат први па нека кажат како им е“, додаде Трендафилов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK