38-годишниот Ведран Батарило исчезна пред една недела во Слиема, Малта, каде што работи за француска компанија.
Ведран е родум од Славонски Брод. Според страницата на Националниот регистар на исчезнати лица, тој исчезнал на 23 јануари. Тоа беше последен пат кога комуницирал со семејството, а потоа тие веќе не можеле да дојдат до него.
Висок е околу 180 сантиметри, со кафена коса и кафени очи, со цврста градба и има тетоважа на градите.
По него трага и Интерпол
Како што пишува Јутарњи, во потрагата се вклучил и Интерпол. Мобилниот телефон на Ведран бил исклучен, а неговата мајка вели дека се јавила и во хрватската амбасада во Рим, која ја покрива и Малта.
„Веќе вториот ден, кога повеќе не одговараше на моите пораки или повици бидејќи мобилниот му беше исклучен, контактирав со полиција. А во амбасадата ми рекоа дека прават се и дека морам да бидам трпелива, деновите минуваат во неизвесност, страв и тага. Само да го најдат мојот син жив“, рекла мајката.