(Видео) Експлозија во јапонска термоцентрала

Видео-Експлозија-во-јапонска-термоцентрала.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожар денеска избувна во термоелектраната Такетојо во префектурата Аичи во централна Јапонија, објави нејзиниот сопственик ЈЕРА, додавајќи дека работата во централата е прекината. Јавниот радиодифузен сервис НХК претходно објави дека се слушнала експлозија, а очевидци забележале црн чад како се издига од термоцентралата.


Црн чад излегуваше од котларата на термоцентралата, а покрај неа гореше транспортер за јаглен, јави НХК. Пожарникарите биле испратени на местото на настанот откако добиле повици од сведоци, изјави претставник на локалната противпожарна служба за Ројтерс.

Електраната е управувана од ЈЕРА, водечка јапонска комунална компанија. ЈЕРА објави дека околу 15:14 часот по локално време (07:14 по средноевропско време), на подвижната лента со која се транспортира гориво во фабриката биле откриени чад и пожар.

Работата е прекината, нема повредени

Работата во објектот набрзо била прекината, соопшти ЈЕРА, додавајќи дека нема повредени. Производниот капацитет на термоелектраната Такетојо е 1.070 MW, што е меѓу најголемите во Јапонија во однос на една производна единица, според веб-страницата на ЈЕРА.

Термоелектраната се наоѓа на околу 40 километри јужно од Нагоја, најголемиот град во централна Јапонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK