Мајк Гил, член на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е во критична состојба откако беше застрелан во Вашингтон.
Гил е тешко повреден при обид да му го украдат автомобилот.
Нападот се случил околу 17:45 часот во понеделникот по локално време, а напаѓачот потоа убил едно лице додека се обидувал да украде друго возило. Полицијата потоа го ликвидирала.
Според американските медиуми, Гил, кој е татко на три деца, бил застрелан додека чекал да ја земе сопругата. Тој бил во возилото кога се пукало.
Соработникот на Трамп успеал да излезе од автомобилот ранет, а потоа колабирал.
Гил служел како главен оперативен директор на Комисијата за трговија за време на времето на Доналд Трамп во Белата куќа.