(Видео) Кузеска: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, на Мицкоски не може да му се верува

Видео-Кузеска-ДПМНЕ-влезе-во-Влада-со-ДУИ-на-Мицкоски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ. Паднаа во вода сите изјави на Мицкоски, драматизирања, лажни обвинувања. Целата јавност добро се сеќава на изјавата на Мицкоски од лидерската средба. Прифаќаше се’ под единствен услов: ДУИ да не биде дел од Владата“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.


„Еве денеска, ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Мицкоски излажа. Министрите на ДПМНЕ денеска не знаеа што да прават, дел присуствуваа на конститутивната седница на техничката Влада, дел побегнаа.

Но, како и да е, одлуките на конститутивната седница поминаа едногласно. Суштината секако не е во тоа дали министрите од ДПМНЕ му се поклонија на Талат Џафери туку зошто беа сите лаги и лажно креирани драми во општеството.

Нека излезе сега пишман аџијата Мицкоски и нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови:

Зошто ја проблематизираше техничката влада кога на крај влезе во Влада со ДУИ? Чуму ги бојкотираа своите кандидати за министри во македонското Собрание и не гласаа за техничката Влада?

Кому му служат овие незрели и политички уникатни чекори што ги нема на ниту едно место во светот. Мицкоски нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука, дефинитивно не знае што со себе, ниту со партијата.

Манипулацијата и лагата се белег на ДПМНЕ и Мицкоски. Ништо не е променето во ДПМНЕ. Во оваа партија едно се говори, друго се мисли, трето се прави. На Мицкоски не може да му се верува“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK