АВМУ: Важноста на функционирањето на јавниот радиодифузен сервис за демократијата во европа

avmu_34434543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

30.01.2024 година – „Важноста на функционирањето на јавниот радиодифузен сервис за демократијата во Европа“ беше темата на денешната промотивната конференција на твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Јавниот радиодифузен сервис“, спроведуван од германската Фондација за меѓународна соработка (ИРЗ), а финансиран од Европската Унија.

Воведни обраќања на настанот имаа Н.Е. г. Давид Гир, Амбасадор, шеф на Делегацијата на Европската Унија, Н.Е. г-ѓа Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија, г. Марјан Цветковски, директор на Јавниот радиодифузен сервис и д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.


Директорот на Јавниот радиодифузен сервис, г. Цветковски истакна дека вредностите на еден јавен сервис се гледаат преку неговата универзалност, независност, објективност, разновидност и иновативност, како и дека јавниот радиодифузен сервис успеа да ги постигне сите овие квалитети со многу труд и ангажман, а тоа во неколку наврати го потврдуваат и мислењата на Европската комисија и на Мисијата на ОБСЕ.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, г. Трајчевски посочи дека за исполнувањето на своите надлежности и обврски, неопходно е и регулаторот и јавниот сервис да располагаат со соодветни финансиски и човечки ресурси, и изрази надеж дека ќе бидат обезбедени сите предуслови за нивно стабилно финансирање.

Во своето обраќање, амбасадорот г. Гир рече дека ЕУ-проектот одговара на препораките кои се дадени во Годишниот извештај на Европската комисија, во кој се препорачува да се преземат понатамошни мерки за јакнење на финансиската стабилност и независност на медиумскиот регулатор и јавниот радиодифузен сервис. Во Извештајот на Европската комисија, исто така, се критикува несигурноста на која се изложени двете институции како резултат на времените мерки, кои се усвојуваат од година в година, правејќи го планирањето и развојот на двете институции многу тешко, истакна амбасадорот Гир.С

Во вториот дел од панелот се обратија г. Јурген Бурграф, главен говорник, член на Комитетот за правото и политиките на Европската радиодифузна унија (ЕБУ); г-ѓа Анета Андонова, Главен уредник на МРТ; г. Мајкл Кронс, Лидер на Компонента 2 од земјата членка на ЕУ и  г. Драган Секуловски, Извршен директор на Здружението на новинари на Македонија.

Главниот говорник, г. Бурграф потенцираше дека според нацрт-Европскиот закон за слобода на медиумите, постапките за финансирање на давателите на јавните медиумски услуги треба да се засновани на однапред пропишани транспарентни и објективни критериуми. Тие постапки гарантираат дека давателите на јавните медиумски услуги имаат соодветни, одржливи и предвидени финансиски извори што се во согласност со исполнувањето на и капацитетот за развој во рамки на надлежноста на јавниот сервис. Токму тие извори  всушност, ќе ја заштитат уредничката независност на давателите на јавните медиумски услуги“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK