Рекетот со кој Надал во 2007 ги победи Ѓоковиќ и Федерер продаден на аукција

Рекетот-со-кој-Надал-во-2007-ги-победи-Ѓоковиќ-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал (37) има 22 грен слем титули, две помалку од рекордерот на Новак Ѓоковиќ, а 14 од нив освои на Ролан Гарос.


Вистинскиот крал на земјаната подлога, пвите четири грен слем титули (2005-2008) ги освои во Париз.

Рекетот со кој Надал го освои Ролан Гарос во 2007 година беше продаден на онлајн аукција. На патото до трофејот Шпанецот во полуфиналето го победи Новак Ѓоковиќ, а во финалето Роџер Федерер.

Рекетот кој претходно се чуваше во неодамна затворениот австралиски тениски музеј, на аукцијата достигна цена од 118.206 долари.

Рекетот на Надал со кој го освои последниот грен слем трофеј, титулата на Австралија опен во 2022 година, кога Ѓоковиќ доби забрана за учество, на аукциската продажба достигна највисока парична вредност. Пронајде нов сопственик за 139.700 долари.

Рекетот на познатата американска тенисерка Били Џин Кинг од познатиот „Судир на половите“ во Хјустон во 1973 година, од ревијалната средба со 55-годишниот сонародник Боби Ригс, кога имала 29 години, е продаден за 125.000.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK