(Видео) Израелци со пушки упаднаа во болница облечени како лекари, убија тројца милитанти на Западниот Брег

Видео-Израелци-со-пушки-упаднаа-во-болница-облечени-како-лекари.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелските специјални сили, облечени како цивили и медицински персонал, се инфилтрираа во болницата Ибн Сина во окупираниот град Џенин на Западниот Брег и убија тројца палестинци, изјавија израелски и палестински официјални лица.


Хамас рече дека лицата се борци од бригадата Џенин, група на вооружени палестински фракции во градот на Западниот Брег. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека терористите се поврзани со Хамас и Исламскиот џихад, а министер од израелската влада ја пофали операцијата.

Маскирани специјалци „еден по еден се инфилтрирале во болницата, отишле на третиот кат и ги убиле младите мажи“, објави палестинската државна новинска агенција ВАФА, повикувајќи се на болнички извори.

ИДФ соопшти дека цел на нападот бил борецот на Хамас Мохамед Џаламне, кој „неодамна беше вклучен во промовирање значајни терористички активности и се криел во болницата Ибн Сина во Џенин“.

Во рацијата беа убиени и двајца браќа.

Крајно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, на социјалните мрежи објави видео снимка од болницата на која се гледа како израелските сили носат пушки, но и се облечени како медицински персонал, медицински сестри, жени во хиџаб. Едното лице користело инвалидска количка, а другото бебешко седиште.

Болницата соопшти дека тројцата мажи спиеле во моментот на нападот.

Палестинското Министерство за здравство го осуди нападот и таргетирањето на здравствениот дом и ги повика Генералното собрание на ОН и невладините организации да ја обезбедат потребната заштита на медицинските центри и тимовите за итни случаи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK