Луис Матадор Техада, најдобриот стрелец во историјата на Панама, почина на 41-годишна возраст додека играше на натпревар за ветерани во Панама Сити, објави Фудбалскиот сојуз на оваа земја.
Техада колабирал на теренот, а обидот за реанимација во болницата не успеал, лекарите можеле само да ја констатираат смртта.
Матадор за репрезентацијата одигра 108 натпревари и постигна 43 гола. Тој ја предводеше Панама до нејзиното прво учество на Светското првенство, во Русија во 2018 година.
Кариерата ја изгради во над 20 клубови во својата татковина, Колумбија, САД, Перу и ОАЕ, а кариерата ја заврши во 2022 година во дресот на панамскиот клуб Депортиво дел Есте.